Кои се најпознатите дела на сликарските платна каде е прикажана зимата со сета своја волшебност а во истовреме и безмилосност на природата!? Погледнете ги светски познатите уметници кои ги создале овие маестрални дела.

Hendrik Avercamp -(Frolicking on a Frozen Canal in a Town), 1585

Hendrik Avercamp е холандски сликар кој е роден глувонем. Тој уште од мали нозе уживал во лизгањето. Подоцна тој се специјализирал за изработка на зимски пејсажи. Во поголемиот број од неговите дела тој ја користи перспективата од една точка. Така е и со оваа слика. Во преден план се преставени модерните лизгачи, додека во позадината се оние помалку спретните.

Wassili Kandinsky-(Winter Landsscape), 1909

На почетокот на своето творештво Кандински развил интересна теорија во која комбинацијата на боите имаат синестезиска моќ  проткаена со мала доза на мистицизам.

Зимскиот пејсаж на Кандински е една неговите последни фигуративникомпозиции пред неговото преорентирање кон апстрактното.Провладуваат жолтата, зелената и розевата боја.

Edvard Munch-(Winter landscape), 1915

Сликана во време на силната норвешка зима, оваа Мунгова слика носи во себе една понаква атмосфера во однос на останатите негови дела. Сепак карактреистичниот негов стил и тука е собро препознатлив каде снегот на врвот на планината е изработен во необични нијанси.

Claude Monet-(The MAgpie),1868

Monet бил вистински специјалист за сликање на зимски пејсажи. Тој нацртал повеќе од сто вакви слики. Edouard Manet едноставно се откажал од сликање на ваков вид на пејсажи гледајќи како мајсторски го прави тоа Моне. На оваа слика птицата е во фокусот, но целото внимание го го имаат сенките исцртани со нетрадиционална плава боја.

Joseph Mallord William Turner: Snow Storm-(Steam-Boat off a Harbour’s Mouth)

Апокалиптична бура, снежна лавина и голем црн облак кој личи на воден бран. Преминувањето на генералот на Наполеон Ханибал заедно со својата војска кој ги преминува Алпите е темата на сликата на овој сликарски великан.

Francois Boucher-(The four season),1755

Типична престава на зимска идила во рококо стил од XVII век. На сликата може да видиме љубовен пар како уживаа во зимските авантури санкајќи се на златна санка.

Caspar David Friedrich-(The Ice sea),1824

Несомнено најзначајната фигура на романтизмот е Caspar David Friedrich. На неговата слика која е наречена “Леденото море” е прикажан бродоломот на еден британски брод кој доживува бродолом за време на неговата експедиција на Северниот пол.

Pieter Bruegel, The Elder-(Hunters in the snow),1565

Зимските сцени во сликарството се технички  многу потешки за изведување. Тие се релативно ретки ви западната уметност па се до периодот на ренесансата. На сликата Ловци во снегот е прикажан зимски ден каде ловците се враќаат од својот лов само се една лисица.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР