Зимата со себе носи голем број весели нешта, како што се на пример зимските спортови. Скијањето не е само забава, туку е вистинска авантура која ја доживува човековото тело и душа.

Во последните неколку години овој популарен спорт стана еден вид  омилена семејна авантура во зимскиот период. Секако една од најважните работи кога станува збор за овој спорт е добрата и квалитетна зимска опрема.

За сите вљубеници на снежните спортови кои во исто време сакаат да бидат шик, париската модна куќа “IZIPIZI” неодамна ја лансираше својата најнова модна колекција на заштитни очила за скијање. Покрај извонредниот дизајн, овие прекрасни очила се изработени со 100 процентна заштита од студ и ветер. Леќите се од прва категорија. Страниците на очилата се кожни, а може да се најдат во неколку бои. Во оваа прилика издвоивме неколку интересни модели од оваа колекција.

 

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР