Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен  фото натпревар на Instagram!


Василије Мерков  

Овој талент се вика Василије Мерков и има 15 години. Предизвик му е да фотографира природа и носталгични моменти. Со фотографија се занимава од деветта година.

Фотографијата е направена со мобилен телефон и е аматерска и покажува дека некогаш и нештата надвор од фокусот на камерата можат да бидат сјајни. Оваа фотографија ја направил во неговиот град Струмица. Таа е поврзана со новата година и новите сјајни почетоци.

Контакт: Facebook:Vasilije Merkovv Instagram:oqrol

e-mail:vasilije.merkov00@gmail.com


Нинослав Антоски

Нинослав Антоски себеси се смета за аматер кој се стреми кон професионализам. Негов најголем предизвик е фотографирање на портрети.

Предметите во фотографијата лебдат во воздухот со помош на рибарски конец, направена е при крајот на минатата година во домашен амбиент, и како секогаш едитот е направен со Lightroom VSCO и дел од инстаграм филтрите и алатките за едитирање на фотографија.

Kонтакт со Нинослав можете да воспоставите преку неговиот Instagram.


Лазар Зафировски

 

Лазар Зафировски активно се занимава со фотографија веќе две години, а зад себе има искуство како фотограф на настани и приватни фотосесии.

Фотографијата е направена со апарат и е спонтана. Доловува момент/чувство на замисленост и мистерија.

Контакт со Лазар можете да воспоставите преку Facebook, Instagram или e-mail (lazarzafirovski@yahoo.com).


За да учествувате на нашиот неделен натпревар треба само да не означите на Вашата фотографија (@divian.arts) и во описот да го вметнете нашиот хаштаг (#divianarts).

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобриот град за забава на светот се наоѓа во Германија, а не е Берлин!
Следна објаваФутуристички транспарентни капсули ќе ги менуваат лифтовите!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР