Архитектонската компанија Oiio, предложи радикална нова транспортна форма за Лос Анџелес, која се состои од кабини во форма на меурчи, со база на тркала кои можат да се движат по патиштата и да качуват по зградите …

Концептот Ото беше креиран како дел од Automobility Designer / Developer, предизвик кој беше организиран како дел од овогодинешниот салон на автомобили во Лос Ангелес. Од учесниците беше побарана визија за иднината на транспортот за овој неверојатно населен град.

Компанијата Oiio заклучи дека приватните возила содржат мотор, кабина и багажник, како елементи кои не можат да се користат поединечно. “Најголемиот недостаток на приватните автомобили е фактот што тие користат премногу ресурси за мал ефект. Додека еден или двајца се превезуваат со автомобил, тие користат мотор и две седишта, но останатите седиштата и багажникот се непотребно потрошени ресурси за тој период на превозот “, кажаа од студиото во Њујорк.

Наместо тоа, тие посочија дека автомобилот треба да се подели на три одделни делови, така што луѓето можат да ја користат само неговата кабина, на пример. Транспарентните капсули кои ги осмислија, ќе бидат поставени на база со тркала само тогаш кога е тоа потребно за да ги пренесат своите патниците до посакуваната дестинација.

“Можно е во иднина, жителите на Лос Анџелес да можат да поседуваат само кабини, а да преку AI централно контролираното коло, креираат привремена единица на интригантен дизајн кој ќе им служи на нивните одредени потреби на барање”.

Што се однесува до хоризонталниот транспорт, овие капсули може да се прицврстат на посебни системи кои ќе ги подигнат заедно до фасадите на зградите. Компанијата Oiio верува дека комбинацијата на авто-мобилност и архитектура, ќе може да резултира со поголема ефикасност и помалку потрошени ресурси.

Како што велат тие, улиците на Лос Анџелес тогаш ќе бидат далеку послободни за луѓето и посетителите кои ќе имаат повеќе можност да уживаат.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 3 #DivianArts инстаграм фотографии за оваа недела
Следна објаваМало поткровје со исклучителен дизајн!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР