Младата модна дизајнерка Ines Atelier која за многу краток период постигна вртоглав успех во светот на модата не престанува да ја воодушевува публиката со својот вонвременски дизајн. Нејзината најнова линија на луксузен накит е своевиден продолжеток на нејзината претходна колекција а истиот е инспириран од егзотични флорални билки кои се доведено до границите на апстрактното.

Следејќи го минималистичкиот пристап во своите изработки кој е во голема мера застапен во нејзините креации, оваа млада дизајнерка и овој пат ги израработи обетките и нараквиците во боја на сребро и злато со примеси на бакар. Доминантни се заоблени површини со висок сјај кои се патем со форма на егзотични билки составени од Swarowski кристали кои се сродни со основните тонови на бои со самата колекција.

Кристалите се бели со дискретен сјај, без поголем контраст во поглед на боите и нијансите што и дава еден посебен SFUMATO ефект на целата колекција. Вешто се избегнати остри прелази со ќто се добива впечаток на еден гламурозен и вонвременски гламур и елеганиција.

Треба да се спомене фактот дека модната линија е изработена во Милано во ателјето каде се изработуваат и модните колекции на најпознатите светски модни имиња.

Погледнете ја колекцијата!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР