Имаме задоволство да ве известиме дека деновиве, од печат, излезе најновата прозна книга на нашата реномирана писателка Ирена Павлова Де Одорико. Издавачот на ова по многу нешта оригинално остварување, е ’’Феникс” од Скопје.

Промоцијата на романот “Емигрантка” ќе се одржи на 8. декември, на Мала сцена при Кoнресниот центар ,,Александар Македонски”- Скопје, во копродукција со независниот Театар 007. 

Куриозитет во рамките на оваа книга е што таа изгледа како пасош, како нејзината насловна страница , така и однатре, со илустрации од самата авторка.

За нејзиниот роман, ќе говорат Милован Стефановски, Звездан Георгиевски и Ѓорги Митровски.

Ексклузивно за Diavian arts од авторката на “Емигрантка”

“Романот Емигрантка е повеќесложна метафора за сите есенцијални миграции во нас, од раѓањето, преку детството и сите оние фази што го профилираат нашето сопство, нашиот ентитет…идентитет… се’ до она големо финале на земјата, па дури и мигрирањетo, потоа во други сфери и димензии…Една од кардиналните миграции и животот, отаде границите. Во случајот на овој роман, животот на друга почвa, нечија “туѓа земја” и искуство во истата. Роман на едно жестоко соочување со себе, во себе и во светот наоколу. Роман за eдна хероина која чекори на тенката жица помеѓу сировата, наметната стварност и внатрешниот метафизички дискурс. Доволно за почит, нели?”

Ирена Павлова Де Одорико е родена во Велес. Поетеса, прозаистка, книжевна критичарка, преведувачка и есеистка.

Авторка е на книгите’’Велзевул’’, “Номад”, “Новата Ева”, “Деколте длабоко”, “Потстанарка”, “Од другата страна на животот”, “Новиот човек”Антологија на заборавените македонски поетеси”, “Пенелопа.нет”, ’’Пенелопа во Венеција’’, објавена во 2016 година.

Во 2001-та година влегува меѓу десетте европски финалисти за наградата ’’Рома-Тиволи-Европа, и истата година учествува на Светскиот поетски фестивал ’’Венециското биенале’’, од каде е селектирана и во светската поетска антологија под наслов ’’Специјална едиција на Венециското биенале’’.

Нејзините песни се застапени во многу наши и светски антологии. Преведувана е на повеќе странски јазици. Добитник е на неколку наши и странски награди за литература.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако да одберете шик капут!
Следна објаваОваа седмица во Јавна Соба
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР