Солта е вистински волшебник за здравјето и убавината!

Солта е вистински волшебник за здравјето и убавината!

Солта ги решава здравствените проблеми и проблемите на кожата, како е тоа можно?

Секогаш слушаме дека треба да се ограничи внесот на солта и да ја избегнуваме колку што е можно повеќе. Како тогаш може да ни помогне солта?  Да, токму солта ќе ги реши бројните ваши проблеми, со кои се соочувате.

Сетете се на последниот одмор на море: по капењето во солена вода, малите рани се излекувани, ноктите изгледаат поздрави, а вашата кожа е поцврста. Бидејќи солта е вистински мултиталент за нашето тело, ние ви нудиме водич за тоа како да ги интегрирате овие кристали во вашата убавина и здравје.

Сол во борба против мозолчињата
Ако вашите бубулици и мозолчиња ве мачат непосредно пред вашата менструација, токму солта ќе го спречи нивното досадно присуство. Загрејте памучни топчиња во млака вода и распоредете на нив по половина лажичка сол. Ставете ги памучињата на зафатената област и оставете ги да делуваат 5 до 10 минути. Можете да ја повторите истата постапка навечер, а наскоро ќе видите како сте го решиле проблемот со досадните бубулици и мозолчиња.

Сол во борба против воспаление на мочниот меур
Одеднаш треба постојано да одите во тоалет, а секогаш боли се повеќе. Да, фативте инфекција на уринарниот мочен меур. Мора да ги знаете најдобрите совети, како што е сок од брусница и затоплување, но еден совет, сигурно не го знаете. Станува збор за купка со висока концентрација на сол. Оваа солена купка има ефект на дезинфекција и го релаксира телото.
Еве како: растворете 3 до 5 кг сол во околу 50 до 60 литри топла вода во кадата. Останете во кадата околу 30 минути, еднаш дневно. По купката, измијте ја солта од телото и одморете се.

Солта во борба против воспалено грло
Со првите ладни денови се појавија и првите настинки и воспаленија на грлото. Но, не грижете се, затоа што имаме лек за вас. Растопете чајна лажичка сол во половина чаша вода и плакнете ја устата со оваа течност три пати на ден. Не го голтајте растворот, исплукајте го.

 

Сол наместо вода за плакнете на усната шуплина
Солта има многу предности за усната шуплина. Сем што ја дезинфекцира и ја смирува слузницата, исто така, има корисен ефект на спречување на кариесот. Најдобро е да ја исплакнете устата по јадење во солен раствор. Овој совет е особено важен за луѓето кои јадат многу месо.

 Сол против непријатниот мирис на стапалата

Сакате патики, а во салонки излагате за викенд? Не се лажете, знаеме дека и вашите стапала имаат непријатен мирис и дека под итно имате потреба од купка за ревитализација. Покрај дезинфекцијата, солта исто така ќе го намали и производството на пот во потните жлезди, а стапалата повеќе нема да оставаат непријатни мириси.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Louvre”- Abu Dhabi
Следна објаваПрефинет хотел во Мексико
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР