Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Елена Пеева

Елена Пеева е една креативна девојка чиј предизвик е да ја фотографира природата. За себе може да каже дека е аматер кој цели кон професионализам! Нејзината фотографија документира прекрасно зајдисонце. Фотографијата е направена со мобилен телефон и едитирана во Adobe Photoshop и Adobe Lightroom.
Контакт со Елена можете да остварите преку Facebook, Instagram и е-mail (peevaelena@ymail.com).

Огнен Бојковски

Огнен Бојковски се занимава со професионална фотографија веќе 10 години, а омилен правец му е „landscape“ фотографијата, додека најголем предизвик му е да ја фотографира природата, поради нејзината честа преобразба и проникливост. Фотографијата е направена во Маврово со мобилен телефон и едитирана во Snapseed.
Контакт со Огнен можете да остварите преку Facebook, Instagram или преку неговиот вебсајт.

Радица Котарска

Радица Котарска е аматерска фотографка која зад себе има фотографирано неколку настани. Пасија и е да ја фотографира природата, додека вистински предизвик и се автопортретите! Фотографијата е направена во Франкфурт, впечаток остава рефлексијата на старата архитектура на модернистичките прозорци и зелениот велосипед кој го симболизира Франкфурт како велосипедски град.
Контакт со Радица можете да остварите преку нејзиниот Facebook, Instagram или e-mail (radica.kotarska@gmail.com).

За да учествувате на нашиот неделен натпревар треба само да не означите на Вашата фотографија (@divian.arts) и во описот да го вметнете нашиот хаштаг (#divianarts).














