Здрави колачи? Можно е, а ние ќе објасниме како и зошто. Отсега ќе консумирате само сурови колачи.

Сакаме колачи и искрено, можеме да ги консумираме и уживаме во нив секојдневно. Колач за појадок со чаша кафе или чај, а потоа повторно во попладневните часови, може и уште некое срамливо, со вечерното гледање на филмови.

Instagram / @rawrfoods

Суровите колачи не бараат печење, шеќер, а не содржат ни глутен. Ги гледаме се повеќе и почесто, а може да се купат во голем број продавници за здава храна, но исто така можете да ги направите и сами.

Без разлика дали сте веќе познати по вашите кулинарски вештини или тукушто сте  зачекориле во кујната, не се сомневаме дека ќе го најдете вашиот омилен рецепт што ќе го подготвувате без многу проблеми. На рерната, потполно заборавете, бидејќи ништо не треба да се пече.

Instagram / @lauriannerawcakes

Сите витамини и минерали се потполно сочувани во овие колачи, што е во согласност со трендот на сирова храна. Овие необработени, свежи и хранливи колачи се најздравиот избор за десерт.

Instagram / @rawcakesbycoco

Се што ви треба за да подготвите некој од суровите колачи е работна табла, нож и блендер, или сецкалка. Ако веќе ги имате сите овие три работи, тогаш ништо повеќе не може да ве спречи на вашиот пат кон вашиот триумф или суровите колачи.

Кликнете за рецепти на овие Instagram профили…

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 3 #DivianArts инстаграм фотографии за оваа недела
Следна објаваЧеститки на Prince Harry и Meghan Markle!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР