Асоцијацијата “blanc / blank / бланк” го претставува францускиот фотограф Seb Janiak, светски познато име кое се врзува со уметничката фотографија, музиката, светот на дизајнот и модата!

Изложбата се отвора овој ноември 2017 година во Белград, а на отворањето на изложбата ќе присуствува и самиот уметник.

Својата триесетгодишна кариера, Seb Janiak, ја започна со познатиот дизајнер Philippe Starck. Се смета за пионер на дигиталната фотографија (еден од првите што успеа да направи фотографија користејќи камера и видео запис) и пронаоѓач на дигитална matte painting сликарска техника. Специјалните ефекти ги добива  исклучиво со користење на различни техники во фотографијата (од аналогна до digital matte painting) без употреба на фотошоп. Поради исклучителни резултати кои ги добива со експериментирање во фотографијата, тој стана интересен и за рекламната и музичката индустрија, не само како фотограф туку и како режисер.

Seb Janiak беше меѓу првите 10 фотографи на светот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСината боја во домот е тајната на елегантен и префинет изглед!
Следна објаваНајсимпатични шољи за есенско кафе и чај!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР