Признајте дека ова и вам ви се случува. Колку парчиња на нова облека имате, што се уште ви стојат во гардероберот со етикета, а никогаш не сте ги облекле?

Постојат неколку причини зошто истите не сте сте успеале да ги комбинирате, па се до тоа и потполно да заборавите на нив. Она што било љубов на прв поглед во продавницата, дома се покажало како голем неуспех.

Но, не грижете се, бидејќи овој тип на неуспех се случува и кај професионалците. Поради оваа причина, американската стилистка Џен Рогин разви метод што лесно ќе ви помогне како да се спасите од акумулација на облека што никогаш не ја носите, а се вика 3-7-14.

Правило 3

Ако сте навистина вљубени во новото парче кое штотуку сте го донеле дома, ќе го облечете веднаш и ќе сакате да го покажете на сите. Ако и после 3 дена купеното парче облека не сте го облекле, постои голема веројатност дека ќе остане така.

Правило 7

Поминале 7 дена, а вашиот нов фустан или маица се уште стојат во плакарот со етикета? Време е внимателно да размислите колку е паметен вашиот нов шопинг. Сега сте далеку поблиску до фазата во која никогаш нема да го носите одреденото парче.

Правило 14

Ако, дури и по 14 дена, сè уште не сте го облекле купеното парче, време е да го спакувате назад во торбата и да го однесете до продавницата. Имате се уште време да го замените парчето или да ги добиете повратно парите и да се спасите од уште едно неуспешно купување.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУрбаните уметнички дела на Aryz
Следна објаваКолку и како да ја консумирате куркумата за најдобар ефект?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР