Претворете го вашето купатило од обично и донекаде здодевно, во мал луксузен спа, со помош на едноставни и со цена прифатливи додатоци. Ви претставуваме 5 додатоци со кои вашето купатило ќе добие сосема нов сјај, а вие идеално место за релаксирање.

1. Мирисни свеќи

Релаксирачката купка на крајот од денот не е комплетна без смирувачки мирис. Миризливите свеќи кои се рачно изработени и 100% природни, се идеален избор.
Ако не сте обожавател на мирисни свеќи, уживајте во оние без мирис, бидејќи светлината што ја даваат ќе ве релаксира и ќе ве смири.

2. Класични бели пешкири.

Дозволете си раскошни и меки пешкири. Изберете ги во бела боја, затоа што се погодни за перење на високи температури, што значи дека секогаш ќе имате чист пешкир без бактерии и остатоци од мртви клетки на кожата, а белата боја ќе ви даде чувство на сигурност и чистота. Изберете ги тие од 100% памук.

3. Rainshower туш

Самата помисла на тропските острови и летен дожд е многу релаксирачка. За да го почувствувате ова чувство, заменете ја главата на тушот со rainshower (дожд) верзијата. Луксузот во вашата бања нема да ве чини многу, а можете да ја нарачате главата на тушот преку Амазон за 39,99 долари со бесплатна испорака.

4. Завеса за туширање

Најчестата грешка што повеќето од нас ја правиме е реткото перење и замена на туш завесите. Каменец, остатоци од сапун, шампони и мувла ги прават нашите завеси валкани и крути. Набавете нова завеса за туширање и дадете му нов живот на купатилото, може со благопријатната зелена, со тропски дождовни шуми.

5. Декоративни додатоци
Декоративните додатоци за бања, исто така, мора да бидат практични. Мала промена, како што е купување на декоративен диспензер за течен сапун за раце или декоративни тегли за памучиња, ќе направат голема промена во естетиката на просторот.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГенијален дизајн на LEGO куќата во Данска
Следна објаваТоп 5 зимски јакни за следната сезона!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР