Чешкиот уметник Alphonse Mucha кој е познат по изработката на декоративните artdeco постери со својот богат опус успеал да го промени до тогашниот ригиден став кој владеел во светот на високата уметност. Со појавата на литографијата и печатењето било овозможено уметничките дела да бидат подостапни до пошироката публика.

Овие промени кои се појавиле во уметноста, се поклопуваат со тогашните друштвени превирања, а биле општо прифатени во општеството на скоро сите нивоа.

Mucha е роден на 24 јули 1860 година во  Иванчице, Моравија(тогашното австриско царство). Автор е на голем број на илустрации, слики, релками, разгледници и други ликовни решенија. Во 1887 год тој се сели во француската престолнина каде ги продолжува своте студии на престижните универзитети Жилијан и Колароси. Неколку години подоцна ја запознава познатата актерка Сара Бернард со која веднаш се договара за нивна понатамошна соработка која ќе трае цели шест години, и која ќе им донесе  и на двајцата уметници голема популарност. Плакатите за претставите “Гизмонда”, “Медеа” и “Дамата со камелиии” го прославиле авторот и вон европскиот континент.

Доминацијата на женските фигури е главниот елемент во делата на Mucha. Интересно е да се спомене дека сликарот во текот на своето творење покрај сликањето се интересирал многи и за мистицизмот и спиритуализмот кој пак доминирал со париското високо друштво кон крајот на 19 век. За време на сликањето на своите модели тој користел посебен вид на духовна музика која им помагала на истите во изборот на позите и покретите. Со ова сакал да ја покаже поврзаноста на музичките и ликовните елементни и колку всушност визуелната форма може да биде попривлечна за сетилата кога е пропратена со одредени музички звуци.

 Во 1910 година тој се враќа во родната Чешка се со една единствена цел а тоа е да направи нешто повеќе за својата земја  ставјќи ја уметноста во служба на нацијата. Бил задолжен да ја наслика новата градска куќа која била изградена во чест на осамостојувањето на државата.
Покрај карактеристичната орнаментика, во овој негов творечки период тој започнува да вградува и национални елементи во своите дела. Тука неговите женски фигури тој ги преставува како словенски божици, а раскошните фустани ги заменува со национални костуми.
Придонесот на Alphonse Mucha во националната борба за осамостојување на нацијата е огромен. Во 1918та година кога дошло до конечното осамостојување тој започнува да дизајнира поштенски марки и новчаници. И сето ова било наеднаш прекинато со започнувањето на втората светска војна кога неговите најблиски морале да ги кријат делата од нацистите. Во 1998година запрв пат е отворен музејот во негова чест кој е најпосетуваното место во Прага.
 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР