Утринската рутина секако е темелот за денот кој е пред нас. Додека некои луѓе се утрински типови и се будат без аларм, а притоа се веднаш расположени штом ќе станат од креветот, другите, се караат со будилникот и сите несреќници кои ќе се најдат во тој момент пред нив.

Но, имаме одлична вест која тврди, дека само со неколку минути одвоени наутро, сите можеме да станеме ранобудни и расположени, како некои луѓе што ги сретнувате на патот кон работа, насмејани од рано наутро!

Далај Лама открил нешто за кое тврди дека е совршена утринска рутина. Со позитивен начин на размислување, вие едноставно сте поуспешни и подготвени да постигнете повеќе, а таа рутина ви помага да бидете сочувствителни кон другите и кон себе си.

Секој ден кога ќе се разбудите размислувајте на овој начин… имам среќа што сум денес жив… човечкиот живот е драгоцен и јас нема да го потрошам залудно. Ќе ја користам сета своја енергија на работа и на самиот себе си…ќе им помагам и ќе бидам добар кон другите “Далај Лама.

За да не го почнете денот на лева нога, следете ја оваа пракса на медитација, која ќе ви помогне да се справите со негативностите и да го искористите потенцијалот на денот кој е пред вас:

Најдете удобно место

Сместете се во мирна соба во која можете да уживате во вашата медитација без прекини и наместете се во најудобната положба, може тоа да биде на подот, столче, фотеља, перница или кревет.

Бидете свесни за вашето тело и опуштете го

Вистински почувствувајте го своето тело, така што сите тензии што ги чувствувате можат во тој момент, да исчезнат. Опуштете се и дишете. Фокусирајте се на дишењето.

Бидете трпеливи

Многу е можно да се фатите како вашиот ум лута. Прифатете го ова како нешто сосема нормално, затоа што тоа и е, и повторно фокусирајте се на дишењето и продолжете така 5 до 7 минути.

Пред крај

По уживањето во медитацијата, ослободете ја целата тензија со последниот здив.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваAlphonse Mucha| Artdeco style
Следна објаваБез разлика дали ги сакате или мразите, тие се враќаат!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР