Европа е континент кој може многу да ни понуди кога станува збор за романтични одморалишта и хотели …

Дестинациите што можете да ги најдете тука, ќе ја разбудат заспаната романтика  во секој од вас. Со векови стари градови, романтични улици со калдрма и поглед од кој застанува здивот, ќе ве донесат до вистинското расположение. Амалфијското крајбрежје, се разбира, е една од најдобрите дестинации од овој тип, а него го пратат грчките острови, Париз и Тоскана.

Овој пат решивме да Ви ги претставиме најдобрите хотели за меден месец, кои можете да ги посетите со вашата сакана личност, без разлика дали славите специјален датум, го крунисувате вашиот брак или само сакате романтичен одмор, далеку од сите грижи и маки од секојдневниот живoт.

Hotel Santa Caterina, Amalfi

Image result for Hotel Santa Caterina, AmalfiHotel Santa Caterina, Amalfi

Парови кои шетаат држејки се за рака низ редовите на цитруси и терасовидните плажи е тоа што можете да видите тука. Вилата од 1904 година, чии соби се исполнети со семејно наследство, локални антиквитети и балкони со волшебен поглед, се тука за вас. Двата стаклени лифтови ќе ве однесат на приватна плажа и базен со солена вода. Персоналот на овој хотел е облечен во поло маици или јакни, секој гостин го знае по име и ви овозможува да уживате без никакви грижи.

Le Sirenuse, Pozitano

Le Sirenuse, Positano

Џон Стајнбек американскиот писател, престојувал во овој хотел околу две години, по неговото отворање, кога напишал за Позитано: “Ова е место од соништата кое и не е баш реално кога сте таму, а станува совршено реално кога ќе го оставите”. По половина век, овој хотел со 58-соби и понатаму дише со антички гламур и луксуз, ги привлекува атрактивните филмски ѕвезди и богатите гости, со своите рачно изработени плочки, антиквитети и поглед на морето.

Belmond Hotel Caruso, Ravelo

Belmond Hotel Caruso, Ravelo

Оваа палата од 11 век била претворена во хотел со 43 соби, кои често биле избирани од Џеки Кенеди и Хамфри Богарт. Секој поглед од овој хотел е вреден да се објави на Instagram, додека таваните во стилот на фрески и лакови, како и базенот на покривот, едноставно ќе ве воодушеват. Собите за гости се декорирани со мозаични подни плочки, антички камени ѕидови и приватни градини.

Grace Santorini

Grace Santorini

Овој бутик хотел на седум нивоа е сон за сите заљубени двојки. Неговата архитектура е лесна комбинација на традиција и модернизам, со допир на современа уметност, модерен мебел и бела боја. Сите услуги на овој хотел се прилагодени според желбите на гостите. Ако вашиот инфинити базен не е доволен wow-фактор, менито за појадок со пет оброци, вклучува и шампањ, што секако ќе ве воодушеви.

Blue Palace Krit

Blue Palace Crete

Познатите и богатите, често го посетуваат рибарското село Елунда во близина на заливот Мирабело, на северниот брег на Крит, поради неговата прекрасна убавина, приватните плажи и легендарните хотели, вклучувајќи го и оној кој го презентираме сега. Овој хотел има 251 соби и бунгалови, од кои многу од нив имаат свои приватни базени и погледи на островот Спиналонг и морето. Тука се убаво се вклопува во сончевиот пејзаж – од крем-дрвените соби за гости, до прекрасните тераси и совршено декорираната градина со маслинки.

Katikies, Santorini

Katikies, Santorini

За Катикиес многумина велат дека е најромантичниот хотел на Санторини, а ние ќе ви овозможиме да го процениме тоа сами. Има 34 ложи со поглед на Оиа, со заоблени тавани, античка керамика и пространи спални, со прозорци кои изгледаат како ѕидни слики поради погледот што се протега од нив. Дури и стандардните соби имаат свои приватни тераси. Апартманите за младенците, имаат свои whirlpool кади во затворени простории, а има и три заеднички инфинити базени.

Le Ritz Pariz

Le Ritz Pariz

Коко Шанел живеела тука 34 години, додека Пабло Пикасо, Ф. Скот Фицџералд и Ернест Хемингвеј редовно го посетувале. Софија Лорен еднаш го опиша како “најромантичен хотел во светот”. Ако тоа не ви зборува доволно за Ritz Paris Hotel, кој беше повторно отворен минатата година, по четиригодишно реновирање кое чинеше 200 милиони долари, тогаш навистина не знаеме што да ви кажеме. Сега, овој хотел има градина во стилот на Версај, сала за бал, прв Шанел Спа и тунел, креиран за богатите и славните, така што до него можете да дојдете незабележани.

Shangri-La Pariz

Shangri-La Paris

Париз е дефинитивно еден од најромантичните градови во светот. Историскиот  Shangri-La Hotel Paris, создаден од вила која датира од 1896, е познат по своите простори дизајнирани од Пјер Ив Роошон. Природната светлина ги исполнува луксузните соби за гости, кои се опремени со богат текстил, рачно позлатени панели и неокласична декорација. Со поглед на Сена и Ајфеловата кула, овој хотел има се што ви треба.

The St. Regis Firenca

The St. Regis Florence

Сместен во архитектонското ремек-дело од 15 век, овој хотел е ултимативна палата за одмор. Без оглед која соба да резервирате, ќе уживате. Просториите на овој хотел се украсени во различни италијански стилови, а многу од нив имаат ѕидни фрески и елегантни луксузни лустери. Фактот дека овој хотел се наоѓа на бреговите на реката Арно, го прави уште поатрактивен.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИмпресивна канцеларија на Karlie Kloss во New York!
Следна објаваМодна недела во Њујорк: Carolina Herrera пролет/лето 2018!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР