И покрај растечкиот број на приватно сместување, хотелите низ целиот свет по правило, стануваат поскапи.

Според веб-страницата за резервација на хотели Hotels.com, од 2014 година, просечната цена по соба е зголемена за 3% и тоа 5 години по ред, со постојана стапка на раст. Но, добрата вест е дека некои дестинации значително ги намалија цените за вечер, дури и во луксузните хотели.

Азија го следи трендот на намалување на цените, па така хотелска соба во хотел со пет ѕвездички е 187 долари, во Њу Делхи, можно е да се најде соба по цена од 177 долари, а во Пекинг можете да ја поминете ноќта во луксузен хотел за 210 $.

Во Европа, луксузно сместување за малку повеќе од 200 долари може да се најде во Берлин (211 $), Брисел ($ 202), Будимпешта ($ 208), но најевтини луксузни соби во Европа се наоѓаат во Варшава, за само $ 107 за една ноќ.

Поволни луксузни соби најтешко е да се најдат во САД, па така во Сан Франциско просечно ноќевање во луксузен хотел е 477 долари, 574 долари во Бостон, а во Лас Вегас, можно е да се најде луксузна соба за 254 долари за една ноќ.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛуксузна оаза во Тунис!
Следна објаваFabio Araujo | Напуштени места на осамени острови
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР