Уметникот Daniele Barresi е наградуван дизајнер кој наместо во дрво или мермер, изработува резби во овошјето или зеленчукот, претворајќи ги во уметнички дела. Користејќи неконвенционално платно, овошјето, зеленчукот, сирењата и храната која се наоѓа на секојдневното мени кај повеќето од нас, Barresi со неверојатна леснотија сече секој од различните облици и текстури, претворајќи ги во неверојатни скулптури.

Италијанскиот уметник почнал со ова како хоби на возраст од 7години, а неговата прецизност понатаму му донела неколку златни медали на разни натпревари. Како “платно” за неговата уметност овој талентиран уметник најчесто го користи авокадото, а мајстор е во дизајнирањето на лубеницата или брокулата.

Моментално својата вештина ја дели во сопственото  уметничко училиште, The International School of Thai Carving (Меѓународната школа за Тајландски резба).

СПОДЕЛИ
Претходна објава6 шапки за лето во сенка!
Следна објаваСпектакуларен и грандиозен хотел Beverly Wilshire!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР