Филмското студио Paramount, познато е по филмовите како што се Невозможна мисија, Форест гамп и Кум, а сега одлучи да ги прошири своите хоризонти и да оди чекор понатаму, со создавањето на нова групација на хотели – Paramount Hotels & Resorts.

Глобалните планови ги опфаќаат градовите Лос Ангелес, Доха, Дубаи и Ријад.

Првиот во низата на хотели е штотуку отворен во Бодрум, Турција. Хотелот се протега на површина поголема од  100 000 метри квадратни. Ова луксузно одмаралиште е скриено во борова шума со приватна марина за јахти.

The Bodrum by Paramount Hotels & Resorts има 135 луксузни соби со панорамски поглед кон морето, како и посебни вили. Сите луксузни вили се со големина од 195 квадрати до 900 квадрати, опремени со сопствени внатрешни и надворешни базени, турска бања и соба за масажа.

Хотелот има 4 ресторани, а на плажа ќе ве забавува Blue Marlin кој изворно доаѓа од Ибица и познат е по опуштената атмосфера, коктелите и медиренската кујна.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрвиот проект од Антонио Гауди се отвора за јавноста!
Следна објаваНов станбен комплекс во Лондон со делукс пентхауси!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР