Движењето кое било основано во тогашната република Weimar  од страна на Walter Gropius(германски архитект), постоело од периодот од 1919 до 1933година, а според видот и концепцијата преставувало појава на нешто сосема ново на тогашната уметничка сцена. “Домот на авангардата” како уште е и наречен бил присутен во сите сегменти на слободната и применетата уметност. Во исто време и се сметало за еден нов вид на архитектонски стил.

Основната причина за основањето на ова посебно училиште била идејата која се појавила кај одреден број на уметници но и занаетчии, a се со една и единствена цел а тоа е да се дојде до примена на нови техники, материјали  како и сосема нови облици на производството и изработката на мебел и во обликувањето на  други употребни предмети.

На основачите на “Bauhaus” приоритет им бил да ги задоволат потребите на населението и воедно да создадат максимална удобност како и пристапни цени.

Во 1902 година белгискиот архитект  Хенри ван Делваде организирал уметничко-занаетчиски семинар кој патем се одржал во Weimar кој  подоцна прераснал во т.н уметничко-занаетчиски институт.

Државното училиште “Bauhaus” е оснаовано на 12 април 1919 година со здружување на Саксонскиот универзитет за ликовни уметности. Како професори биле ангажирани познати уметници како што се Paul Klee, Wassily Kandinsky, Joseph Albers.

Предавањата во ова училиште се сочинувало од одржување на почетни часови и работилници. Со нив раководеле познати уметници како и мајстори на формата на рачната изработка.

Проектите на Bauhaus каков што бил “Haus Sommerfeld” во овој период бил главно експресионистички. Во1923 година бил ангажиран конструктивистот Laszlo Moholy-Nag како замена за познатиот уметник  Johanes Eaten. Првиот проект “Haus am Horn” кој бил изработен во тоа време бил конзистентен во архитектурата и уредувањето на новата објективност а кој многу наликувал на проектите на холандското училиште “Desteele”.

Во 1925 година училиштето било преместено во Десау каде биле создадени првите парчиња на мебел од челични шипки што се сметало за еден вид на новитет во изработката на мебел.

Важно е да се напомене дека во Bauhaus се одржувале часови по грнчарство, столарство, уметност, фотографија, ткаење, сликарство, дизајн и.т.н

На практичната работа се врзувале теориските објаснувања за перцепцијата и боите на начин на кој бил прилично напреден за тоа време а со цел да се ослободи креативната енергија кај учениците.

Градбите, мебелот и другите употребни предмети кои  се создавале тука биле создавани исклучиви на функционална основа.  Нивната естетска вредност морала да произлегува од совршениот спој на обликот и функцијата. Сите творби на представниците на Баухаусот се одликувал со најголема можна едноставност.

Според сфаќањето на Баухаус, на предметите не треба да им се додаваат украси кои би го сокриле или подобриле лошиот изглед и безобличните делови, туку е потребно тие делови да бидат обликувани на убав, уметнички начин, па така предметот да биде убав сам по себе. Под влијание на одредени правци на современата уметност: експресионизмот, кубизмот и особено апстрактната уметност, кои се стремеле кон поедноставување и пронаоѓање на нови облици, обликувањето на нови предмети добило ново значење во создавањето функционалност на предметите како креативен чин. Идејата на Баухаус се почитува и денес, преточена во правилата на индустрискиот дизајн: единствената намена, почитување на материјалот и сериското производство.

Обликувањето и контролирањето на пластично-просторната околина во Баухаус било поставувано како идеална цел. Активностите за тоа биле насочени кон откривање на основните креативности, а со тоа и хуманизација на функцијата на предметот, рационализација на новите облици и подготовка на индустриското обликување. Сепак, општеството не било зрело да прифати такви предмети и Баухаус останало само генијално училиште и подготовка за идниот индустриски дизајн.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР