Пролетта е најубавото време да го посетите Париз.

Можете да се прошетате на левата и десната страна на Сена,  да посетите барем една актуелна изложба, да се прошетате од црквата Мadelaine по Rue Royale, преку Place da la Concorde, низ процветаните градини на Jardin des Tuileries до Piramide пред музејот Louvre, па низ Place du Carrousel кон мостот Pont Neuf, каде можете да се упатите кон кејот на реката Seine (Quai de Seine)  со прекрасен поглед кон мостот Pont des Arts, а во далечинa Tour Eiffel (Ајфеловата кула), која стана симбол на Париз…..Погледот понатаму го привлекува La Conciergerie на Ile de la Cite, некогашната кралска резиденција потоа затвор, а денес можете да ја посетите. На убаво време се бара место повеќе на убавиот тревник или дрвените клупи, покрај некое бистро, со кафе или чаша фино и ладно розе.

Има уште толку многу да се види – тоа го оставаме самите да го откриете оваа пролет!

Во нашата галерија погледнете ги најновите фотогорафии од Париз!

Уживајте во градот на љубовта!

48 sati u Parizu by Maja i Hrvoje

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПастелни бои како најдобра декорација за стан на море!
Следна објава„ProteinLab“ – новата омилена локација на спортистите и фитнес ентузијастите
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР