Ако сте престојувале на Исланд, тогаш сигурно сте ја посетиле Сината лагуна…
Како една од најпопуларните туристички дестинации на оваа земја, овој геотермален спа има околу 700.000 посетители преку една година. Дури ни познатите личности не можат да му одолеат на лековитите својства што ги нуди оваа бања. Џеј Зи и Бијонсе, Џастин Бибер, Бил Гејтс и други, се редовни посетители на ова место.
Со закажаното отварање за оваа есен, Lava Cove & Moss hotel, ќе биде првото луксузно одмаралиште изградено во коритото на лавата, старо 800 години. Гостите на ова одмаралиште ќе имаат прилика да уживааат во приватниот дел за пливање.
Хотелот ќе има 62 соби и претставува едноставна нордиска естетика во вид на бела постелнина, темно дрво и чисти линии. Секоја соба ќе има прозори од подот до плафонот со поглед на вулканскиот пејзаж. Во приземјетео гостите ќе можат да уживаат во топлите води богати со минерали.
Moss Hotel и самата Сина лагуна, се на еден час одачеќеност од Рејкјавик. Цената за една ноќ е 980 долари.