Со прекрасен поглед кон Карипското море, блиските острови и плажи, оваа модерна вила се сосотои од два одвоени дела. Првиот е оној, во кој се наоѓа животниот простор, кујната и трпезаријата, како и купатилото, додека во другиот се наоѓаат три спални соби со своите приватни тераси и купатила. Овие делови се поврзани со надворешна тераса со базен, со поглед кон морето.

Величествената вила има приватен пристап кон плажата, така да гостите можат да уживаат во својата приватност во било кое време, а за шестмина, кои можат да престојуваат во вилата, сигурно ќе уживаат во комбинацијата на карипските елементи со модерниот стил на уредување. Во нашата галерија дознајте како изгледа вилата во која сигурно би сакале да го поминете годишниот одмор.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКуќата на Ellen DeGeneres чини 45 милиони долари!
Следна објаваОваа година торбите со овошје се хит!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР