Ако во својата колекција немате мини торбичка на ланец, која се носи преку рамето, тогаш навистина не знаеме што чекате… Веќе некое време мини торбичките се апсолутен тренд на секое вечерен (но и дневен) изглед.
Голем број на модни бендови, инспирацијата ја црпат од неверојатно луди работи и гледаме разни мотиви, посебно во дизајнерските high-street колекции. Во Zarа, наидовме на торбички инспирирани со овошје. Поточно со ананас!
Овие слатки торбички со ланец се носат преку телото, а украсени се со перли и мотив на ананас! Можат да се комбинираат со се што сакате. Ја знаете старата модна изрека – помалку е повеќе – затоа оваа мала торбичка нека го има главниот збор во вашите комбинации!