10 најоригинални сместувања – од приватно острво до дворци!

10 најоригинални сместувања – од приватно острво до дворци!

Од приватна куќа до проколната куќа – Airbnb може да ви понуди се што ќе посакате, на вас е само да кликнесте со глувчето. Ако сте во потрага за нешто необично а воедно и најдобро сместување на светот, се наоѓате на вистинското место.

Ви претставуваме 10 моментално најоргинални сместувања на светот  кои можете веднаш да ги резервирате. Дали сте за идилична куќа на дрво или дворец? Ние сме за куќата од школи….

Куќа од школки

Ако самата архитектура на оваа куќа не ве заведе, тогаш сигурно приватниот базен ќе го направи тоа. Или пак локацијата на тропското острво Isla Mujeres во Мексико? Оваа куќа е за 4-5 лица, одалечена 5 минути од плажата. Идилично, нема што!

Приватно острво

Bird Island се наоѓа на самиот брег на Belize, а внатре во куќата има се што ви е потребно. Надвор имате на располагање педалинката и скара. Доколку мирот и тишината се ваша потреба, ова е иделно место за таков престој.

Куќа со огледала

Огледалце, огледалце мое, кажи ми на светот која куќа најубава е?!…оваа куќа со огледала се наоѓа во Pittsburgh, Пенсилванија, и е силен кандидат за титулата. Според изгледот, куќата делува како уметничко студио и зборува многу. Екстериерот како и ентериерот во домот, потполно е покриен со огледала, но, тоа што посебно воодушевува е мноштвото на уметнички предмети во самиот простор. 

Куќа на дрво

Оваа куќа на дрво се наоѓа во Atlantа, Georgiа и е прогласена за најпосакувано Airbnb сместување на светот во 2016 година. Тука посетителите уживаат во природата, стануваат едно со неа – но, кога ќе им затреба нешто повеќе, главната куќа е на 30 секунди пешачење.

Бамбус куќа

Сместена во долината на реката Ayung, Abiansemal на Бали, овој четириаголен објект со три спални соби во потполност е направен од бамбус. Имате и три катеринг оброци, со можност да најмите приватен готвач, кој готви кај вас во вилата за ручек или вечера.

Дворец

Дали некогаш сте сонувале да преспиете во дворец? Овој, од 19 век во Cumbriа, Британија, може да смести до 30 гости во 15 приватни соби. Објектот доаѓа со многу кули, тајни врати и ходници, како и тајни градини – токму како што му приличи на кралскиот начин на живот.

Коцкаста куќа

Овој единствен дом, сместен е во Rotterdam, Холандија. На сите три ката, сместени се 4 соби и две спални соби. Во потковјето се наоѓа “студената соба” од која се гледа прекрсениот пејсаж – 360степени на целата околина. 

Балон соба

Оваа соба под балон, се наоѓа во Dournazac (Limousin) во Франција и нуди врвно искуство на посматрање на sвездите. Како шатор, оваа балон соба ве штити од надворешните елемнти, со доволно простор за две лица. Куќата има и покриен дел со купатило и џакузи.

Vincent Van Gogh соба

Vincent Van Gogh создаде една од најпрепознатливите соби во историјата, а еден паметен сопственик, тоа го претворил во реален живот. Приватната соба во Chicagо во Илиноис, го следи правиот постмодернистички стил на Van Gogh “Спална соба” – со некоку модерни содржини.

Проклета куќа

Историјска куќа со 4 спални соби во Bromley, Мисури, изградена во 1860 година и од тогаш е користена како берберница, болница и погребна фирма. Оваа куќа е именувана како една од најважни проклети куќи на Средниот запад, а паранормалните активности датираат 100 години наназад.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПогледнете во Springfield пролет/лето 2017
Следна објаваРајски острови за кои можеби не сте слушнале!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР