Caesarstone го најави издавањето на својата прва книга „A Material Menu: Designs for the Culinary Aesthetic“, создадена заедно со дизајн студиото за храна Arabeschi di Latte и секако неконвенционалните способности и идеи на Francesca Sarti. Симбиозата меѓу храната, дизајнот и Caesarstone матријалот во кујната, оваа книга нуди една нова инспирација кон модерното кулинатство и експериментирањето, истовремено носејќи возбуда и авантура.

Дизајнирана од Micha Weidmann Studio, оваа книга вклучува серија од осум концептни рецепти и приказни за храната инспирирани од четирите елементи: воздух, вода, земја и оган. Рецептите се презентирани низ серија на фотографии направени од Tom Mannion  и стилизирани од F. Sarti, комбинирани со кварцните површини на Caesarstone, уникатните дизајнирани додатоци и тематски обработени продукти како црни Шантерел печурки, ајсфиш, виолетов карфиол и изгорена жалфија.

Визуелната експресија со подлогите на Caesarstone, кои веќе беа презентирани во Милано во 2016, и инспирацијата од уникатниот квалитет на матријалот, секоја од осумте креации на храна нуди модерна интерпретација на традиционалните специјалитети и го рефлектира „својот карактеристичен елемент“ со мајорна помош на специфично селектирани состојки проготвени со прецизни готварски техники.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобри и најсмешни честитки за Денот на вљубените!
Следна објаваМодна револуција во мартовскиот Vogue!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР