Оваа интересна збирка на накит е дело на дизајнерката Marija Puipaité од Литванија, која совршено одговара на контурите на телото. Оваа збирка на накит наречена “Embracing Touch”, се прилагодува на одредени делови на телото како на пример – клучната коска, увото, прстите, итн.

Puipaité ги опишува своите дела како бронзени локви кои таласаат по пејсажот на телото.

Секое парче е направено со помош на плочи од восок кои се поставуваат на телото за да се добие саканата форма. Восокот понатаму се испраќа во ливница, а конечниот накит се бруси и полира. Оваа метода овозможува создавање на накит по мерка, иако според зборовите на дизајнерката, различните тела делат изненадувачки слични облици.

Накитот “Embracing Touch” е прикажн за време на Dutch Design Week 2016.

СПОДЕЛИ
Претходна објава15 работи кои ќе ве развеселат веднаш кога се чувствувате лошо!
Следна објаваСовршена колекција на чевли од соработката на Jennifer Lopez и Giuseppe Zanotti!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР