Оваа необична лампа е далеку од традиционалните , првенствено заради необичниот прекидач кој се наоѓа – во воздухот. Нејзиниот единствен дизајн внесува магија во вашиот живот, а од Allocacoc Design, помагаат таквите идеи да стигнат на пазарот.

Li Zan Wen е кинески дизајнер кој ја смислил оваа лампа под името HENG Balance Lamp. Инаки зборот “heng” на кинески значи “рамнотежа”. Дрвените топчиња во едноставната дрвена рамка се користат како прекидач за светло. Начинот на функционирање на прекидачот е инспириран од старите прекидачи на повлекување, на кои се сеќаваме од детството.

Изгледот на производот и дизајнот, се темели на традиционалните кинески кружни вентилации и прозорските рамки. Светлата се сместени во внатрешниот прстен на рамката и кога ќе го вклучите светлото, рамката че засветли, создавајќи етерично зен чувство.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМоќните модели на Balmain!
Следна објаваПоп иконата Madonna во февруарскиот Harper’s Bazar!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР