Ситуацијата е следна – часот е 15:00, вие сте во канцеларија и повторно сте гладни.
Нутриционистите потенцираат, дека внесот на храна може да има сериозно влијание на количината на енергија, концентрацијата и продуктивноста. За да дознаеме што да се јаде меѓу оброците – одговорот го добивме од најдобрите нутриционисти. Ова се најдобрите рецепти за совршени меѓуоброци кои ќе ја кренат вашата енергија преку ден.
Путер од бадеми и банана на кришка леб
Интегрален леб со четвртина банана и една лажица путер, полека ќе ја испушта енергијата низ денот. Ова е одличен избор за доцна попладне, а и доколку планирате да вежбате по работа.
Овошје и свежо сирење
Немате време да припремите меѓуоброк пред да го напуштите домот? Ова е опција за вас…1 шоља јагоди и 10 парчиња грозје во комбинација со 1/2 шоља немасно свежо сирење. Јагодите имаат многу малку шеќер, така да нема да предизвикаат зголемување на шеќерот во крвта.
Каша од овес и путер од кикирики
Пола шоља овес со топла вода и лажичка путер од кикирики за топол попладневен меѓуоброк – нема подобар!







![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)







