Несомнено е дека  само мал дел од светската популација може да си го дозволи луксузот и да ужива во магијата на луксузните шишенца на парфеми и да ги поседува во своите колекции.

Кога во педесетите години на минатиот век ја прашале познатата актерка Мерлин Монро што прави пред да оди на спиење, таа одговорила секако дека става неколку капки од омилениот парфем “Chanel N`5”.

Славата која ја постигна оваа модна куќа со легендарниот парфем трае со години и до ден денешен е еден од најбараните шишенца со парфем во светот. Стручњаците кои работат на иновации во модната куќа секако дека напредуваат се повеќе и повеќе, и тие во својата најнова колекција го лансираа парфемот “Grand Extrait” кој чини дури 3.200$. Високата цена не само што ја оправдува спецификата на комбинацијата на состојките на мирисот, исто така и изработката на шишенцето е уникатна и се состои од злато и скапоцени кристали.

Британската модна куќа “Clive Christian” ги произведува најлуксузните и најскапите парфеми на светот. И тоа само три на број а секако и за мажи и за жени. Тоа се: “N1", "X", "1872"

Најскапиот од овие три е N`1 кој чини неверојатни 215.000$. Се сосотои од специјален вид на ружи кои се увезуваат од Grassea, потоа ванила донесена од Tahiti и сандаловина донесена од Индија. Само една капка е доволна да нанесете и да мирисaте дури два дена убаво. Винстинска магија, зарем не?!.

“Les Larmes Screes de Thebes of Baccarat” е ориентален парфем кој со својот егзотичен мирис го освои светот за многу кратко време. Во својот состав има див јасмин, гераниум, бибер, кардамон, килбар, мошус и сандаловина. Чини 6.800$

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР