Доколку сакате да отпатувате и доживеете магијата на новогодишните и божиќните празници во полн сјај, наша топла препорака е да го посетите бајковитиот Колмар.

Интимен и автентичен, Колмар е град во покраината Алзас, североисточна Франција, кој изгледа како место од бајките. Неверојатно зачуваните градби и богатото историско наследство го прават едно од најубавите места во светот, но и омилена дестинација на туристите, кои масовно го посетуваат во текот на целата година. Сепак, овој идиличен француски град е најволшебен за време на новогодишните и божиќните празници. Од 1998 година, градот Колмар ги инспирира своите жители да се препуштат на имагинацијата и доловат духот на Божиќ на најдобар можен начин, па се организираат натпреварувања во три категории: најубаво украсена куќа, прозорци и балкони, најубав божиќeн пазар, како и најубаво декориран излог во продавница.

Украсите се поставуваат кон крајот на ноември, а целиот град сјае се’ до половината на јануари. Додека шетате низ градот, ќе забележите дека домаќините водат сметка секое катче од градот да емитува празнична атмосфера. Буквално целиот град е украсен како на сон – стариот центар се претвора во една голема отворена сцена, каде топлото божиќно расположение ви ги грее срцата. Постојат вкупно пет  божиќни пазари, а еден од нив е посветен исклучиво на најмалите. Лавиринтот од мали улички, романтично збиените куќички со колоритни фасади, штандовите на кои се продаваат традиционални ракотворби и вкусни деликатеси, како и уличните концерти  и мноштвото светилки кои го красат градот во текот на празниците, ќе направат да доживеете мигови за паметење.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШто нуди последната седмица од оваа година во Public Room?!
Следна објаваPeter Kogler со најнови психоделични инсталации!
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР