louie-8

Заради вниманието кое во последно време се посветува на храната која не содржи глутен, Louie Cafe & Kitchen, одлучиле во чест на новогодишните празници на сите да ни покажат како се прават свечени колачи без брашно.

Слаткарите спремија: кокос мус торта со рум, торта со мача, бела чоколадна торта со бадеми, колачи од лимон и ореви и чоколадна торта со ганаш.

Денес ви прикажуваме еден рецепт кој морате да го направите за наредните празнични денови.

Louie Cafe & Kitchen – торта со мача, бело чоколадо и бадеми:

 состојки за кремот:

  • 200 гр. крем сир
  • 100 гр. стопена и изладена бела чоколда
  • 2 големи лажици шеќер во прав

Чоколадото стопете го на пареа со константо мешање, потоа оставете го да се излади на собна температура. Сите состојки со миксерот добро измешајте ги и нанесете ги на тортата од сите страни. Оставете 2 лажици од кремот па со дресерката украсете ја површината на тортата. Во блендер, изблендајте 2 големи лажици мача и 2 големи лажици мелени бланширани бадеми, нанесете ги на страните од тортата како декорација.

Подлога:

  • 250 мл. слатка павлака
  • 1 голема лажица мача (мача е прав од зелен што се користи како здрава алтернатива за кафе)
  • 5 жолчки
  • 5 белки
  • 225 гр. крем сир (ABC или Philadelphia)
  • 100 гр.бланширани, мелени бадеми
  • 280 гр. бело чоколадо
  • лажичка ванила
  • 6 големи лажици жеќер во прав

 

Рерната загрејте ја на 175 степени, калупот за тортата (26 см) обложете го со хартија за печење. Белото чоколадо скршете го на мали парчиња па залејте го со слатката павлака во која предходно сте ја ставиле лажица мача. Оставете една минута, па со маткалка измешајте во глатка маса. Оставете да се олади. Од белките направете цврст снег. Жолчките изматете ги со шеќерот како пена, додадете крем сир, смесата од чоколадото и мачата, бадемите… и на крај, лесно со шпатула замешајте со снегот од белките. Печете околу 40 минути. Пуштете потполно да се излади, потоа нанесете го филот.louie-15 louie-26

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВо кои модни парчиња треба да се инвестира?
Следна објаваBody painting
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР