5 коктели кои не и пречат на диетата!

5 коктели кои не и пречат на диетата!

jayz2

Кој вели дека диетите мораат да бидат досадни? Ние сигурно не!

Само заради тоа што внимавате што внесувате во организмот, не значи дека не можете да имате друштвен живот или повремено да уживате во коктели, тука и таму. Самоконтролата и мерката се клучни, затоа треба паметно да одлучите што ќе пиете и каде.

Ви нудиме 5 коктели кои нема да ви го отежнат облекувањето на тесните фармерки, кои сте одличиле (повторно) да ги облечете!

1. Текила, минерална вода + лимета или краставица

Најдобар коктел со кој ќе внимавате за внес на калории. Не ви треба сол а нема да имате мамурлук следното утро! чашка текила има од 60 – 100 калории.

2. Класичен Мартни со џин или вотка

Не можете да погрешите со класичен мартини на база џин или вотка. Чаша мартини содржи околу 130 калории алкохол, без додатен шеќер.

3. Old Fashioned

Големи се шансите дека ова е најсаканиот пијалог на голем дел мажи, а доколку и вие сте љубител на виски и внимавате на линијата – пробајте го и вие! Една чашка содржи околу 160 калории, не е најдобра опција во барот, но не и најлоша. Најдобро е да го нарачате со мраз!

4. Вотка + минерална вода + свежо овошје

Го забележувате трендот тука? Што помалку состојки содржи вашиот пијалок, тоа подобро за вас! Мешаните пијалоци се посебно проблематични ако во нив се користат напитоци полни со шеќер, како Coca-Colа. Одберете чист алкохол, како вотка или текила и измешајте го со свеж сок од овошје со голем дел вода, портокал, лимета или грејп.

5. Шампањ

Океј, знаеме дека шампањот технички не е коктел, но класичната чаша шампањ содржи само 80 калории! А да не ги споменуваме меурчињата кои побрзо ќе ве ” фатат” од на пример вино….Значи, помалку е навистина повеќе!  :)*

jayz2

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСпални соби во поткровје
Следна објаваГалаксија во Вашата соба
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР