Многумина од нас својата соба ја гледаат како една комфор зона во која што се чувствуваат најпријатно и спокојно. Уредувањето по наш вкус може само да го разубави веќе убавиот простор и да го направи уште попријатен.
За оние кои што сакаат уникатни предмети во својот дом, а особено за заинтересираните за астрономија внесување на целата галаксија во собата звучи навистина интересно.
Хартиените фенери кои што можете да ги видите во продолжение се инспирирани од универзумот, а рачно обоени од Американката Danielle Villarreal. Изгледаат одлично во текот на денот како резултат на живите бои во кои што се обоени, а навечер создаваат уште поубав амбиент кој потсетува на ѕвездено небо.
Благодарение на овој проект наречен Own the sky можеме да имаме наша мала галаксија во сопствената соба.








![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)







