Жените заради убавината чинат се што е во нивна моќ само за да го достигнат “волшебството” на овој магичен збор. Да, драги мои дами токму така, понекогаш сите ние се подложуваме на строги диети, многу шминка, па дури и некои од нас се одлучуваат да направат и некоја корекција на своето лице или тело и тоа се во служба на убавината.

Да бидеме искрени, зарем не е во прашање и нешто повеќе од надворешната убавина кај жените. Што е “тоа нешто” шт всушност не освојува кога ке погледнеме одредена личност. Некои луѓе на прв поглед може многу да ни се допаднат, но меѓутоа кога ќе се  запознаеме повеќе веќе нема да го имаме истото мислење. Тоа е доказ дека надворешната убавина не е од пресудно значење односно не е најважна.

Начинот на кој една жена се однесува, оди, се изразува и држи до себе се главните фактори за дефинирање на убавината.

Следниве осум особини кои ќе ги прочитате со сигурност ќе ја направат секоја жена убава!

1.Таа знае да се изразува. Нема ништо полошо од девојка или жена да не е елоквентна и да не знае да го изрази свото мислење и став. Дамите кои имаат свое сопствено мислење се навистина многу привлечни. Уште еден доказ дека мозокот е најголемиот афродизијак.

© Iconic Images/Douglas Kirkland

2.Страста која ја поседува една жена ја дефинира нејзе самата многу повеќе одошто надворешната убавина. Жените кои што живеат со “полни плуќа” и му пристапуваат храбро на животот се многу поатрактиви одошто другите. Страста е еден од најзначајните квалитети кај жените.

GX-324001-WN-2

3.Мистериозна. Жената која без посебна причина не зборува многу и не ги открива своите тајни. Нема ништо поинтригантно од жена која е обвиткана во велот на својата мистерија.

54c03cfbbcb54_-_hbz-audrey-hepburn-00-hbz-promo-lgn

4.Не сака да биде центар на вимание по секоја цена. Секоја жена на некој начин сака да биде центар на внимание но убавата жена тоа го прави со тил, многу софистицирано и не нападно, а со доза на самодоверба.

maxresdefault

5. Самостојна. На оваа жена не и потребен мажот за да може да функционира во својот живот. Таа е сигурна во себе, а знаеме дека самодовербата е од клучно значење за една успешна жена.

Happy woman working on a laptop computer - isolated over white background

6. Има душа. Постојат жени кои со своето однесување и добро дучност едноставно ги привлекуват сите околу себе и сите сакаат да бидат во нивно друштво. Тие едноставно блескаат со со својата убавина.tumblr_mekni6Rt1r1qdm4tlo1_500

7. Храбра. Таа е отворена секогаш за нови предизвици и не знае за никакви ограничувања. Многу важна особина која ке направи да изгледате брилијантно.

gallery-1445019714-hbz-susie-wolff-lead

8. Го поседува “она нешто”. Ова е спицифично нешто кое не се објаснува со зборови ниту пак може некако да се дефинира. Едноставно тоа е шармот кој ќе го почуствувате кај одредена особа веднаш во првиот момент на запознавање.

13419070_493883020807700_5125897366037643164_n

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР