00

Можеби пролетта кај нас доаѓа, но тоа не е случај за северните делови од Шведска. Совршената зимска идила таму владее сеуште, а доказ за тоа е ресторанот Björk, кој е сместен удобно во прегратките на Hemavan.

Модернистички дизајн на уште еден иновативен начин. Зарем може да се очекува помалку од Скандинавците?

01

Архитектонското студио Murman Arkitekter од Стокхолм, го дизајнираше овој невообичаен триаголен ресторан во северот на Шведска, во близина на скандинавските Алпи.

04

Ресторанот е исклучителен малечок рај за скијачите. Топло-уредени широки простории, а природната светлина во изобилство го илуминира планинскиот ентериер во кој доминира дрвото.
03

05

Дрвената ограда и пространите бели прекривки прават да се чуствувате како дома. Место во кое не уживаат само скијачите туку и љубителите на комфорот која ја нуди една шолја чај и залутаноста во лавиринтите на сопствените мисли.

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Патеката на мирисите” новиот бестселер роман на Кристина Кабони!
Следна објаваМагични шуми | фотографија
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР