Новиот роман на Кристина Кабони “Патеката на мирисите” – е голем италијански бестселер, кој стана меѓународен феномен пред да биде издаден. Овој возбудлив и живописен роман со прекрасни приказни од фирентинските и париски улици до провансиските полиња со лаванда, ја раскажува приказната за жената кој поседува вонреден талент за мирисот и нејзината потрага за изгубениот рецепт на нејзината баба.
Елена, мајката ја напуштила додека била дете, желно за нежност и љубов. Од тогаш можела да смета единствено на самата себе. Не верува во љубов, но умее да ги препознае стравот, есенцијата на цвеќето, дрвјата и зачините.  Мирисите се нејзиниот пат до срцето на луѓето. Коге ќе стигне во Париз престолнината на мирисите, во која тие се прават според древните правила, ќе посака со својот парфем да го освои овој град. Елена успева да ги разбере и исполни желбите, да направи мирис со кој повторно ќе се освои старата љубов, да се победи срамежливоста, пронајде спокојот. Само најискрената љубов може да ги излечи белезите од минатото.
за авторката:
Кристина Кабони живее со мажот и трите деца на Сардинија во околијата на градот Каљари. Сем што пишува, работи и во фамилијарната фирма за производство на мед.
Нејзина голема страст се ружите, кои ги одгледува. “Патеката на мирисите”, претставува омаж на најфасцинантното нешто што се крие зад мирисите, било да е тоа некое сеќавање, изгубена и недостапна љубов или надеж која дава нови можности.
Schermata 06-2456812 alle 17.10.51510BxVJedxL._SX328_BO1,204,203,200_

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИдеална локација за одмор според хороскопскиот знак!
Следна објаваТриаголен ресторан во близина на скандинавските Алпи
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР