01Во пресрет на зимата и убавите празнични денови, ви претставуваме мошнe брз, лесен и едноставен, а пред се’ евтин направи сам проект. Станува збор за шармантни минијатурни капчиња, за чија изработка ви се потребни неколку минути и само два материјали.

02

Плетените зимски капчиња се симбол на зимата, а како мини декорации имаат повеќе различни намени – со нив можете да го украсите домот или накитите новогодишната елка, да го разубавите и збогатите пакувањето на божиќниот подарок, или, пак, да го комплетирате вашиот зимски изглед со впечатлив детаљ.

03

Искористете го слободното време и бидете креативни. За начинот на кој можете да ги подготвите овие преслатки украси, погледнете ги инструкциите од видеото во продолжение.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПредлог модни комбинации за новогодишната ноќ
Следна објава[Филм] Божиќ кај Куперови
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ