Love_the_Coopers_IMG1_big

Кога едно несреќно семејство ќе се собере за Божиќ, сè тргнува наопаку.

За прослава на Божиќ, Сем Купер и неговата сопруга Шарлот се домаќини на четири генерации гости од поширокото семејство. По 40 години брак Сем и Шарлот се разведуваат, истовремено и нивниот син Ханк е во средината на развод. Во текот на вечерта гостите ги откриваат нивните проблеми но и самите тие повторно ги откриваат значењето на роднинските врски и духот на празникот.

Love_the_Coopers_IMG2_big

Модерните празнични филмови, со нивните несреќни фамилии, опфаќаат интересен дел од забавната тематика. Можеби приказната за ваквите филмови е предвидлива, но сепак голем дел од нив допираат и ги освојуваат нашите срца.

Love_the_Coopers_IMG3_big

Во филмот „Божиќ кај Куперови“, кога четири генерации на фамилијата Купер ќе се соберат за прославување на Божиќната вечер, неочекувани гости и несакани настани ќе ја превртат наопаку цела вечер, доведувајќи ги до изненадувачко откритие на врски во фамилијата и духот на празникот.

Love_the_Coopers_IMG4_big

Куперови низ филмот управуваат со нивните несигурности, љубомори и загуби под притисок да остават среќен впечаток. За режисерката Џеси Нелсон можеме да видиме дека не е љубител на изразита тишина, така што во филмот секој момент е исполнет со разговори, особено со нарацијата која се одвива од страна на најверниот член на семејството – кучето Рагс.

Love_the_Coopers_IMG5_big

Премиерното прикажување на „Божиќ кај Куперови’’ пред македонската публика бешe на 10.12.2015, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.

Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Мини капчиња
Следна објаваМоден тренд | Смарагдно зелена
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ