01

Раскошна зимска боја за стилски празничен изглед.

Комбинацијата на црвената и темнозелената е одамна проверен рецепт за празничен изглед во очи на Нова година и Божиќ, а се’ почесто признание и’ оддаваат и бројни дизајнери и ланци за улична мода. Мекиот капут со рамен крој и извезени рози од Dolce & Gabbana, или, пак, романтичниот фустан со набори, кој во својата зимска колекција го претстави H&M, имаат една заедничка нитка. Обата модели доаѓаат во неодоливата зимска боја на смарагд.

02

Иако името на оваа нијанса најчесто се поврзува со скапоцениот камен, секоја модно освестена дама со задоволство ќе ја одбере оваа боја при изборот на облеката. Било да доаѓа во облик на модните детали, како  Rockstud Valentino чевлите, или, пак,  класичните Saint Laurent чанти, оваа боја е задолжителна за зимската сезона. Доколку сепак црвената ви е премногу смела за комбинирање со темнозелената боја, тогаш одберете ја сината, златните детали и неизбежниот тексас (најдобар е оној најтемно синиот, но и сивиот тексас е добра варијанта). Одлични ,,high street’’ и дизајнерски парчиња погледнете во галеријата во продолжение.

СПОДЕЛИ
Претходна објава[Филм] Божиќ кај Куперови
Следна објаваZara Home: Празнична колекција 2015
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР