Принцезата Грејс Кели е уникатен пример за безвременски моден стил и грациозност. Станувајќи принцеза таа станува една од најобожуваните модни икони на дваесетиот век ширум светот. Таа е родена на 12 ноември 1929 година. Веќе на 20 годишна возраст таа се појавува на њујоршката театарска сцена, за во 1953 година замине за Холивуд и го снима својот култен филм “Mogambo”, за кој е номинирана за престижната награда оскар во 1954 година. Во 1956 година таа се мажи за принцот Рение, и влегува во високите краслки кругови. За кратко време таа станува највпечатливата модна фигура во овие кругови чиј стил и до ден денес ја следат некои од кралските членови како на пример Кејт Миделтон.
Во 1955 година таа е прогласена за најдобро облечена личност на едно тогашно престижно модно списание. Веста пријатно ја изненадила принцезата која што изјавила дека таа всушност и не прави ништо посебно освен што се држи до своите омилени фустани. Принцезата била редовен муштерија кај најпознатите светски креатори како што се; “Marc Bohan at Dior”, Coco Chanel, Hubert de Givancy, Cristobal Balenciaga. Нејзината љубов за “HERMES” чантите и дијамантите на “Cartier” ги направиле истите уште попопуларни. Во продолжение погледнете ја убавината и гразизноста на принцезата од Монако!!