Fado”, што во превод би значело “судбина” е музички жанр кој за прв пат се појавил во 18 век на територијата на Португалија. Го карактеризират тажни звуци и текстови кои најчесто се однесуваат за животот на тамошното население кое што живее покрај морето. Името на музиката (SUADADE) е израз кој не би можел да се преведе на многу јазици. Самите португалци сакаат да се фалат дека само тие го имаат чувството за овој вид на музика. Но, сепак колку и да се тажни овие песни предизвикуваат некој вид на уживање кај слушателите. “SUADADE” најчесто се преведува како носталгија. Инаку треба да споменеме дека овој вид на музика е мешавина на ритмови од африканските племиња и традиционална португалска музика и сето тоа зачинето со арапски мелос. Денеска модерното фадо е многу популарно на територијата на Португалија. Најпознати фадо изведувачи се; Мариза, Катиа Пуериеро, Амалија Родригез, Аделија Педроса, Фернанда Марија, Карлос Рамос и мн. други.

fado_capa

Goncalo-Viana_Lisbon-Fados

fado-e1345619413461

2

25b5f096979f7b778f3fe70015f1f78b 56-185885-fado-2

1232863411_d43628ae53_b

 

НЕМА КОМЕНТАРИ