prva-2

Обично, времето на туширање го бираме од практичност причини, (на пример, кога не можеме да се разбудиме во раните утрински часови, се тушираме ноќта пред тоа) или по потреба (кога се знае дека во утринските часови, веднаш одиме во сала за вежбање, се тушираме веднаш по тренингот). Но статијата која неодамна ја прочитавме на Јаху за здравје, ни даде за право, да размислиме за промена на стратегијата.
Во написот, многу експерти дебатираа дали за телото е поздраво утринското туширање или вечерното. И додека тие се расправаат околу тоа,  одлуката целосно зависи од вас – вашата коса, кожа, тело и начинот на живот.
Во продолжение ви предлагаме три прашања а одговорите ќе ви откријат, дали да се туширате навечер или наутро!

druga-1

Вашата кожа е сува или мрсна?
Ако имате мрсна кожа, најверојатно, го чистите лицето наутро без оглед на тоа дали ќе се туширате или не. Но, не секој сака да го мие лицето, два пати дневно. Ако имате сува кожа, скокање под жежок туш во раните утринските часови може сериозно да ја намали влагата и хидратацијата, која е од суштинско значење за вашата кожа. Во овој случај, можеби е подобро да го прескокнете туширањето во утринските часови и само нежно да го исчистите лицето.
Дали имате проблеми со будењето или спиење?
За некои, жешкиот туш на крајот од денот е совршен изговор за опуштање и ослободување на стресот. Но, не можеме да го игнорираме фактот дека туширањето го буди вашето тело, ја крева температурата на телото, во време кога природно би требало да се намали, со цел да се подготви вашето тело за спиење. Ако имате проблеми со спиењето, туширање во текот на ноќта никако не и помага на вашата несоница.
Дали имате чувство дека сте валкани во текот на денот?
Ова е премногу очигледно, но ако на крајот од денот доаѓате дома со чувство на нечистотија на телото, вечерниот туш, секако е опција за вас. Без разлика, дали сте само активни во текот на денот или вашата работа вклучува работа со деца, се разбира дека ќе сакате да се освежите пред спиење. Од друга страна, за некои, од клучно значење е да се почне денот со чувство на свежина и чисто, така да изборот ќе биде утринското туширање.

treca-1

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЦветови наместо писма | Anna Remarchuk
Следна објава“Danxia” планините|Чудо на природата
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ