Веруваме дека барем во едем момент во својот живот, затворајќи ги очите сте се нашле на некое рајско место. Дали сте размислувале за егзотичен и романтичен одмор од соништата. Затворете ги очите и замислете дека се наоѓате во една волшебно осветлена пештера во која се наоѓа прекрасен ресторан и седејќи во него ги гледате пред вас морските бранови. Тоа место навистина постои и се наоѓа во Италија во градчето Poligono a Mare, поточно волшебниот хотел “Grotta Palazzese“, кој се наоѓа во во истоименото гратче кое е оддалечено на околу 30км од Бари. Гратчето Poligono a Mare, е прекрасно мало место со средновековна архитектура, со тесни улички и куќи изградени во стрмните карпи. Прекрасниот хотел “Grotta Palazzese” е исто така сместен во карпи, на околу 25м над морето. Прекрасното чувство е незаменливо што ке го почувствувате на ова место, ќе бидете во целосна хармонија со природата, пиејќи го своето кафе, ќе може да ги гледате морските бранови кои како да танцуваат пред вашите очи, будејќи ги сите ваши сетила. Хотелот поседува луксузни и елегантно наместени апартмани со романтичен поглед кон морското синило. Услугата е висококвалитетна и нуди првокласни припремени јадења и пијалоци. Поминете еден незаборавен одмор кој долго ке го паметите!!6167102297_fc2961af26_b

01 (1)

foto_8_1

01

foto_12_1 (1)

X5euX

02 (1)

Puglia_cave_restaurant_10

grotta-palazzese-polignano-a-mare-italy

restaurant01

Hotel Ristorante Grotta Palazzese Polignano a Mare,Italy

foto_1_1

02 (2)

НЕМА КОМЕНТАРИ