5e195e78c51020d34991042f1013d3e9Брилијантна мешавина на источната духовна мудрост и острите западни принципи за успех, оваа инспиративна приказна чекор по чекор ни го посочува патот до похрабар и поурамнотежен живот, живот исполнет со изобилство и радост.

Вашето *можам* е далеку поважно од Вашиот коефициент на интелегенција“, ќе рече Шарма преку дејствијата на неговиот главен лик, кој суптилно, а сосема очекувано открива дека „суштината на животот… е животот со суштина“ – каде залуденоста од материјална сигурност и кариерен престиж со навистина трудољубива позадина завршува страшно, речиси фатално. Секој цели кон добра приказна: а ова со сигурност е една од нив. Врвниот протагонист на ова несекојдневно концепирано дело, се’ освен форма на роман, е високо ценет адвокат на отприлика 60тина години, чија кариера го достигнува својот врв на сметка на останатите животни параметри. Налудничавиот распоред и погрешното приоретизирање на работите и навиките резултира со негов срцев напад во судницата, во екот на неговото најбитно судење. Во текот на неговата криза, Џулиен Ментлу одлучува дека неоспорно му е потребна пауза.

Нараторот на оваа едноставно длабока приказна се среќава во ликот на неговиот близок соработник, на кој Џулиен се восхитува и на себе си поставува приоритетен стемеж да стане како него. По негова препорака, тој се упатува кон своето најважно патување… Неочекуваната продажба на целиот негов сакан имот го води кон ново патување, нова етапа на неговиот живот: насочена кон Индија, во потрага по значењето на постоењето. Стигнувајќи на Хималаите, тој сретнува гуруа на патот кои му даваат симплифицирани совети околу суштинската основа на животот, од типот на „она што лежи зад и пред Вас е неспоредливо со она што лежи во Вас“. Престојот во ова тивко и митско место прави од него се она што е спротивно на репрезент на изопачени вредности во модерниот свет – личноста која што тој беше пред да го пронајде својот мир, пред срцевиот удар да го освести во целост. По неговото враќање, тој е изменет човек: вонвременски калуѓер кој се случува да не успее да се вклопи во брзиот и бучен начин на живот кој предходно го окарактеризирал како припадник на истиот. „Инвестирањето во себе е најдобрата инвестиција што некогаш ќе ја направите. Тоа не само што ќе го подобри Вашиот живот, туку ќе го подобри животот на сите оние од Ваша близина“; иако Џулиен не успева да се врати на старо, тој го применува наученото: прероден дух во рехабилитирано тело. Прероден ум во животно искуство. Животот продолжува напред…

Иако Шарма ужива рејтинг во сферата на *како да го поправите својот живот*, сепак не изостанува препораката како динамична лекција за животот која лесно се памети и лесно се применува. Несомнена инспирација која без тешкотија се вградува како составен код на секојдневните навики, со моќ да го транформира обичниот ден во една продуктивна реалност чиј бенефит ќе се почувствува од апспект на долго посакуваниот мир на душата. Суптилна помош да си ги остварите соништата, да стапите во баланс со себе и конечно да бидете среќни. Точно, се работи за едно големо множество на идеи, чиј избор е Ваша привилегија – содржината на есенцијата ветува огромен потенцијал… зошто и Вие не би биле дел од него?

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРомантичен одмор од соништата во Grotta Palazzese, Италија
Следна објаваЗошто луѓето викаат?
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ