Калабрија е една од дваесетте покраини на Италија. Се наоѓа на југот на државата, јужно од убавиот Неапол и ги претставува “прстите” на чизмата. Главен град е Катанцаро, исто така и најголем град на Реџо ди Калабрија. На источната и јужната страна се наоѓа Јонското Море, а на запад е Тиренското Море. Помеѓу нив се наоѓа Месинскиот мореуз, кој ја разделува Калабрија од Сицилија. Целокупната површина на покраината е 15.082 км2 а е долга 250 км. Од морското крајбрежје тлото наеднаш се издигнува и преоѓа во ридско подрачје, испресечено со длабоки речни долини во вид на клисури. Ридестото подрачје постепено преоѓа во планинско подрачје кое ги опфаќа јужните Апенини. По својата убавина познати се планините Полино. Климата е средоземна, додека на повисоките места станува остра и е планинска. Калабрија најпрво ја населиле италските племиња, а дури потоа доаѓа Грчката колонизација. Заедно со Сицилија го сочинувале најзначајниот дел од голема Грција. Подоцна италијанските племиња ги покориле Грците. Тоа биле осканските племиња наречени Брути. Брутите ги основале сите градови во Калабрија. Областа долго време била во составот на Римското царство. Денеска Калабрија има два милиони жители. Најмогу доминира италијанското население, а тука живеат и Грци и Албанци, кои се населиле уште во времето кога Балканот бил под Отоманската империја. Од 1861 година италијанскиот јазик станува официјален јазик во Калабрија. Оние кои имале можност да ја видат Калабрија, знаат како е, да се живее во италијански стил!