Прекрасното, весело и живописно рибарско гратче Марсахлок, се наоѓа во југоисточниот дел од сончевата Малта. Ова тивко местенце е вистински рај за душевен одмор и релаксација. Питорескното мало гратче е препознатливо по својот најголем неделен рибен пазар, но и по прекрасните мали шарени бротчиња т.н. “луцуси”. Во малите крајбрежни ресторанчиња се подготвува највкусната свежо уловена морска риба. Со својата традиција ова местенце ги плени многубројните посетители и туристи. Преубавите песочни плажи на Марсахлок даваат чувство на интимност, каде може да уживате далеку од градскиот метеж, и да се релаксирате на најубав можен на сонцето пропратено со медитеранскиот ветрец. Познатиот залив “Св.Петар” e најпрепознатливото место за љубителите на нуркање и скокање во вода. Варовните карпи се идеално место за сончање и читање убава книга под сонцето. Најпосетуваното место во гратчето е катедралата Париш, која е посветена на пресвета Богородица. Неколку пати годишно се организираат чествувања во чест на Богородица проследени со величествени огномети. Катедралата датира од 18 век. Скромното но магично местенце е сончевиот бисер на Малта и е познато под името “љубовното крајбрежје” на Малта.  Погледнете го Марсахлок!

1312 Marsaxlokk

img_4396c9

Malta--Marsaxlokk_art

DSCF9910 (1024x768)

home-marsaxlokk

4549917-lovely_view_and_food_Marsaxlokk

T_065a0cd8f3

karte-1-113

92088259

mdm10-4

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВидео: Суперхикс во кафанско издание ве канат на концерт
Следна објаваАтлас на облаците – Дејвид Мичел
Art will remain the most astonishing activity of mankind born out of struggle between wisdom and madness between dream and reality in our mind!! Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Формалната цел на убавината е страста на љубовта; (нејзина омилена изрека).

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР