Република Маурициус е островска држава која се наоѓа на 300км источно од Мадагаскар во крајбрежјето на Африканскиот континент, поточно во југозападниот дел на Индискиот океан. Како дел од територијата на Маурициус се и островите Каргадос, Карахос,Родригез и Агалега.Островот е дел од Маскаренските Острови,вклучително и францускиот остров Реинион,кој се наоѓа 200км југозападно како и островот Родригез, 570км североисточно од Маурициус. Во 1598 год. Холандските морепловци за првпат пристигнале на овој остров и ја основале првата населба на овие простори. Островот го добил името според тогашниот холандски принц Морис Орански. Маурициус е познат како единствен дом на” Додо”, вид на птица која исчезнала пред 80 години. Овој архипелаг бил формиран од серија вулкански ерупции, но тие веќе не се активни. Локалната клима е тропска со суви зими кој траат од мај до ноември и топли лета од ноември до мај.

coral_reef_228

Главен град е Порт Луис, кој се наоѓа северозападно од островот. Својата независност островот ја добива во 1968, кога почнува од ниско приходна да се развива во средно развиена земја. Особено се обрнува внимание на развојот на туризмот и индустријата како главни гранки.Годишниот развој на земјата е 5 до 6%, кое резултира со зголемен животен стандард и подобрување на инфраструктурата. За мајчин јазик на островот се смета Маврициско-креолскиот јазик, кој го говори 90% од тамошното население. Англискиот и францускиот јазик долго време го уживале социјалниот статус на мајчини јазици. Медиумите и весниците и до ден денешен го применуваат францускиот јазик. Кујната е мешавина на Индиска, Кинеска и Европска кујна. Островот е познат по производството на рум. Локалната музика има африкански корени и се нарекува” САГА”.Уживајте!!

sub-scooter-mauritius-2

Dinarobin_Hotel_Go_2574645a

kite-North

st-martin-belle-etoile-02

couple-umbrella-ve

rubon149

beachtop

Mauritius-Island_3B8-F1BCS_DX-News

coral_reef_228

mauritius-storm-boats

1410071357401155586

mauritius

5star

3-Coral-island-Tour-Luxury-Boat-Charter-in-Thailand

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРазгледница од островите Лофотен
Следна објаваДевојката од хартија – Гијом Мисо
Art will remain the most astonishing activity of mankind born out of struggle between wisdom and madness between dream and reality in our mind!! My main fields of interest are arts and culture, but I am easily adaptable to different types of topics. Со повеќе од солидни познавања на класичната уметност и со исклучителнo познавање на француската мода и стил на живеење, Маја ја презентрира убавината на уметноста во посебните мигови на секојдневието, нагласувајќи го акцентот на идиличните егзотични патувања. Формалната цел на убавината е страста на љубовта; (нејзина омилена изрека).

НЕМА КОМЕНТАРИ