01

Иако пролетта е време на миризливо будење, во Париз ова годишно време е поим за романтично задремување со надразнување на сетилата со мелодијата на разиграните шансони и миризбата на тазе печива. Непобедлив е фактот дека Париз е секогаш најубав, но во пролет Париз е совршен!

Сакате да го посетите Париз во расцутените месеци?

Без овие неколку правила не може да се помине.

1. Понесете си добар фотоапарат.

Или едноставно искористете го својот смартфон. Не за нападни селфиња, туку за да се доловат расцутените дрва, зелената трева, пролетното Сонце. Не ги заборавајте ни под разно париските градини и паркови.  Додека на туристите им се омилени Tuileries и Jardin du Luxembourg, вие покажете ја специфичноста во својот вкус и никако не дозволувајте да бидете типични, поготово не во Париз, каде покрај толкавата комерцијализираност е прелесно да се биде ист како и останатите. Посетете помалку познати градини попериферно. Наш предлог е да ја посетите Buttes-Chaumont, романтично северно ќоше од Париз. Дали можеме да напоменеме дека цел град се гледа од тука?

00

2. Зборувајте француски.

Малечок разговорник ќе ви дојде добро при рака. Па кога ќе видат дека се трудите, и нерасположените Французи ќе ја свртат својата љубезна карта со Вас.

01

3. Искористете го времето надвор.

Да, свесни сме дека има толку многу музеи кои се задолжителни да се посетат, но одвоите и малку време за пријатен француски пикник. Земете кошничка, пазарете неколку домати и обавезно посетете некоја од париските пекари, а потоа трк во парк. Искоритете ги местата подалеку од улиците, каде владее стресот зададен од најновите модни трендови.

03

02

4. Совршеното утринско кафе.

Ова е можеби најбитно. Весник под рака, строго исправен став и кафе во кафуле на ќошот од улицата.

04

Пред да го посетите центарот на светот во пролет, бидете сигурни дека имате резервирано неколку месеци порано. Тргнете со лабав план, со многу процепи кои ќе бидат препуштени на спонтаноста.

Le printemps est magnifique à Paris…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМладешки и компактен стан
Следна објаваДенови на современ европски филм во Кинотека
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ