Во Кинотека на Македонија идниот понеделник, 20 април, почнува циклусот Денови на современ европски филм.

Прикажани ќе бидат „Ида“, добитник на најрелевантните светски награди за 2014 година, вклучувајќи го и Оскарот за странски филм, шведскиот „Стогодишникот што скокна од прозорецот и исчезна“ на Феликс Хернгрен, „Зоран, мојот внук идиот“ на Матео Олеото и „Ѕид“ на Јулијан Пелслер.
На 28 април, во рамки на Францускиот киноклуб, предвидена е проекција на „Главната централа“ во режија на Ребека Злотовски.

Кинотеката, традиционално, на денот на основањето, 29 април, ќе ја додели наградата „Златен објектив“. Вечерта, но и следната вечер љубителите на филмот ќе имаат можност да го видат српскиот „Мали свет“ на Милош Радовиќ со што завршува програмата за овој месец.

![Слабото здравје и намалена физичка активност на вработените како директен удар врз профитабилноста на компанијата [+ гратис стратешки водич за зголемување на продуктивноста]](https://www.divianarts.com/wp-content/uploads/2024/03/Насловна-слика-218x150.png)












