.1.

Нашата генерација чита повеќе книги од генерацијата на нашите родители и според последната студија на Department for Culture, Media & Sport од Велика Британија, ако ние повеќе ги интегрираме посетите на библиотеките со нашата навика за читање, најверојатно би биле посреќни – вели горе споменатата студија, која вели дека посетата во библиотека им дава на луѓето среќа, односно пецкање на мозокот исто како да добиле 2282 долари.

Оваа студија, пренесува Arts.Mic, испитува како овој културен ангажман влијае врз севкупната благосостојба – истата идентификува осум активности кои позитивно и значително го збогатуваат животот и задоволството од истиот:

ангажман во спортот
– тимски и индивидуален спорт
– пливање
– креативност во уметноста
– учество во танц
– учење занает
– посета на музички настани
– и најмногу од се’, посетата на библиотеки.

.2.

Иако на прв поглед овој студиски заклучок не делува како откровение, сепак се потсетуваме на значењето на библиотеките. Се’ се сведува на тоа дека оние кои ѝ се наклонети на уметноста може да се здобијат со некои сероизни придружни ефекти на среќа: студијата, исто така поентира кон две активности кои целосно влијаат врз задоволството, но негативно. Тоа се одењето во теретана и изведувањето на музика; поради причина дека од човекот се очекуваат брзи резултати и професионалност. Што не е случај со читањето, каде што придобивките се случуваат сосема спонтано и суптилно, испливувајќи на површина кога најмалку очекувате.

Веднаш кон ова следува една забелешка која личи на сценариото со јајцето и кокошката – дали среќните луѓе бараат библиотеки или пак одењето во библиотека ги прави посреќни? Во секој случај, посетите на библиотеките не треба да бидат предмет на мотивација особено ако припаѓате на групата постојани посетители – тоа значи дека сте знаеле нешто однапред за сето значење или пак, некои бројки не Ви значат ништо затоа што Вие си ја знаете среќата сокриена во библиотеките…

.3.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Луксузни чаши за шампањ
Следна објаваСкопскиот џез фестивал со презентација во Њујорк
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР